4 C
Skopje
недела, 18 јануари 2026

Помошник тренерот на Наполи откри зошто Елмас мораше да излезе од теренот

Помошникот тренер на Наполи, Кристијан Стелини, вечерва за италијанските весници ја откри причината за замената на Елиф Елмас на денешниот меч со Сасуоло. Нашиот фудбалер се пожали на главоболка и вртоглавица и беше заменет на стартот на второто полувреме.

„Елиф Елмас го напушти теренот чувствувајќи вртоглавица. Веројатно се должеше на симптоми на грип. Не станува збор за повреда“, вели помошник тренерот на Наполи, Стелини.

Освен Елмас, предвремено мечот против Сасуоло го завршија и Рахмани и Политано кои се пожалија на мускулни проблеми.

„Во следните неколку дена ќе имаме проценки за сериозноста на повредите на Политано и Рахмани“, додаде помошникот на Конте, Стелини кој потенцираше дека Наполи имаше пеколен распоред во јануари и играше речиси на секои три дена.

Моментот кога на Елмас му се слоши и едноставно клекна и падна на теренот може да го видите ТУКА.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести