Петте натпревари кои се дел од денешните Квоти на денот во Sport Life се со коефициент 2.10 или поголеми и ако ако ги одиграте заедно на еден тикет, ќе добиете одличен вкупен коефициент од 52.14.
Во шведскиот шампионат играат АИК и Варбергс и предлогот на Sport Life е да одиграте дека домаќинот нема да загуби, а двата тима ќе постигнат гол. За оваа игра квотата изнесува 2.25.
Во турската Супер лига играат Аланијаспор и Трабзонспор и тука се очекува да има голови. Предлогот на Sport Life е да се одигра дека двата тима ќе постигнат гол и притоа мрежите ќе се тресат и во првото и во второто полувреме. Квотата за оваа игра изнесува 2.20.
Во данскиот шампионат колото ќе биде затворено со натпреварот меѓу Нордсјиланд и Силкеборг. Тука се очекува Нордсјиланд да не загуби, а притоа и двата тима да постигнат гол, а квотата за оваа игра во Sport Life изнесува 2.10.
Лидерот во Серија А, Интер, на „Џузепе Меаца“ ја пречекува Џенова и е апсолутен фаворит за победа. Sport Life ви предлага да одиграте дека Нераѕурите ќе постигнат меѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме, а квотата за оваа игра е 2.10.
Во Премиер лигата, победата е императив за Арсенал на гостувањето кај Шефилд јунајтед доколку сака да остане во битката за титулата и затоа предлогот е да се одигра 2-2 & 3-6. Квотата за оваа игра е 2.15.
Последниот предлог е од мечот со којшто ќе се затвори колото во Ла Лига меѓу Осасуна и Алавес и ја има најголемата квота, 2.50. Оваа квота се добива ако одиграте дека ќе има меѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме.