Возбудливо беше вечерва на „Мануел Мартинес Валеро“, каде имаше од се по нешто на дуелот меѓу Елче и Мајорка кој заврши нерешено 1:1.
Стартот беше со многу возбудувања, а Ведат Муричи утна пенал за Мајорка во 12. минута, па само 180 секунди подоцна Езекил Понс испорача казна и му донесе предност на домаќинот од 1:0.
Голот на Понс во 15-та минута можете да го погледнете ОВДЕ.
Од мечот имаше и интересни фотографии, од невремето, но и од најхрабрите гледачи кои останаа на трибините и го следеа натпреварот во живо.
Меѓу нив беа и стрип јунаците Спајдермен и Бетмен, секако со костумите на двајцата познати ликови и од филмската индустрија.
Great to see Spiderman AND Batman braving the rain at Elche-Mallorca tonight. pic.twitter.com/NQ0zyrJAzR
— Fútbol es la leche (@futboleslaleche) October 10, 2022
Во второто полувреме продолжија возбудувањата и Ведат Муричи израмни на 1:1 со нов удар од пенал, овојпат прецизен во 71. минута.
Десет минути претходно кај Елче беше исклучен Боје, но и Мајорка во 85. минута остана со фудбалер помалку, а црвен картон доби токму Муричи.
Елче ја продолжи серијата од неверојатни 19 меча без пораз од Мајорка кога му е домаќин на денешниот ривал, но и остана единствениот тим во Ла Лига што нема победа во оваа сезона и е последен со само два бода.
Мајорка е на 12-то место со 9 бода по осум кола.