Лудо невреме го одложи стартот на мечот во Ла Лига – Неизвесно е дали ќе играат Елче и Мајорка (Видео)

Елче и Мајорка не го почнаа последниот меч од осмотто коло во шпанска Ла Лига поради големо невреме во областа Аликанте.

Пороен дожд не дозволи да се игра од 21 часот, а стартот беше пролонгиран првично за во 21.15 часот, но и тогаш не почна поради големото невреме.

 

Неколку минути на стадионот „Мануел Мартинес Валеро“ во Елче немаше струја, но сепак е најавено дека нов обид за почеток на мечот ќе има во 21.30 часот, ако сопре дождот.

https://twitter.com/Af_Deportiva/status/1579552974929469441?s=20&t=ASBnhbt5sbUFg6MD0y4oig

 

 

- Оглас -

Најнови вести