Попович: Дуда Ивковиќ беше господар на кошарката и безвременска личност

Смртта на Душан Ивковиќ ја потресе светската кошаркарска јавност. Славниот српски тренер почина на 77 години во Белград поради вода во белите дробови и херпес.

За големината на популарниот Дуда говори и тренерот на Сан Антонио Спарс, Грег Попович.

„Ивковиќ беше господар на кошарката, а неговата личност е безвременска. Моето време поминато со него, дали во Европа или во САД, беше исполнето со чудесни моменти и да го имаш него во друштво, навистина беше посебно. Мое најискрено сочуство до неговата сопруга Нена и целата фамилија“, кажа тренерот на Спарси.

Попович освои пет НБА-титули со Сан Антонио, а последната од нив во 2013/14, кога јавно призна дека користел акции преземени токму од Ивковиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести