Популарноста на напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе во Франција значително е намалена.
Според француската истражувачка компанија Одокса, 54% од Французите имаат позитивен став за играчот, но популарноста е намалена за 12 проценти во однос на април кога беше правена претходната анкета.
Дури 73% од испитаниците веруваат дека Мбапе може да успее во Реал Мадрид, но 52 отсто од Французите сметаат дека Мбапе не е погоден за улогата капитен на француската репрезентација. Над половината, или 54%, би сакале селекторот на репрезентацијата Дидие Дешамп да назначи друг капитен, а 58% се изјасниле дека сакаат Антоан Гризман да стане нов капитен.
Летово напаѓачот го замени ПСЖ за мадридскиот клуб.