Поради банална грешка: Можно е да се повтори ждрепката во Лигата на шампионите!

Банална грешка која ги спои екипите кои не можат да играат во осминафиналето од Лигата на шампионите може да доведе до повторување на ждрепката.

Вилјареал за противник го доби Манчестер јунајтед, а тоа се две екипи кои играа во иста група, па автоматски не можеа да се паднат меѓу себе во оваа ждрепка. Потоа беше одбран нов ривал, а Жолтата подмотница го доби Манчестер сити.

Сепак, од УЕФА сериозно размислуваат дека ждрепката треба да се повтори затоа што постоела нерегуларност. Кои се осумте парови од ждрепката, може да проверите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести