Пеколна ждрепка: Ќе има дуел Меси – Роналдо, а најдобро поминаа Реал Мадрид, Јувентус, Челзи и Сити

Пари Сен Жермен ќе игра против Манчестер јунајтед во најатрактивниот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите. Тоа ќе биде и дуел на двајцата најдобри фудбалери во изминативе 15-тина години. Лионел Меси со ПСЖ ќе се обиде да го елиминира Кристијано Роналдо со Манчестер јунајтед.

Второто дерби од оваа фаза ќе биде меѓу Атлетико Мадрид и Баерн Минхен, додека среќа во ждрепката имаа Реал Мадрид, Јувентус, Челзи и Манчестер сити, кои реално добија противници што треба да ги елиминираат.

Сите учесници во нокаут-фазата имаат освоено вкупно 34 европски титули, а Реал Мадрид е рекордер со 13 трофеи.

Првите мечеви од осминафиналето ќе се играат на 15, 16, 22 и 23 февруари, а возвратните мечеви ќе се играат на 8, 9, 15 и 16 март. Финалето во ЛШ оваа сезона ќе се игра во Санкт Петербург на 28 мај 2022 година.

Двојки за осминафиналето: 

Бенфика – Реал Мадрид

Вилјареал – Манчестер сити

Атлетико Мадрид – Баерн Минхен

Салцбург – Ливерпул

Интер – Ајакс

Спортинг – Јувентус

Челзи – Лил

ПСЖ – Манчестер јунајтед

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести