Интер вчера потврди дека Алесандро Д’амброзио е позитивен на ковид-19 по извршените редови тестирања, по што клубот одлучи да ја откаже прес-конференцијата на тренерот Конте предивдена за во петок, во пресрет на саботната пресметка на Нероаѕурите против Сасуоло.
Во меѓувреме, целиот тим на Интер заедно со стручниот штаб е ставен во изолација во тренинг-центарот, со цел вирусот да не се прошири кај останатите играчи.
Ова не е првпат да се откажува прес-конференција на италијанскиот тренер, откако поради исти причини не се појави пред медиумите за натпреварот против Џенова кон крајот на февруари.
Интер никако не посакува да се случи кластер во клубот со оглед на тоа дека избраниците на Антонио Конте се во феноменална серија од осум победи и имаат девет бода предност во шампионската трка на 11 кола до крајот на сезоната во Серија А.