Конте ја откажа прес-конференцијата поради страв од корона-вирусот

Интер ја откажа прес-конференцијата на Антонио Конте во пресрет на утрешниот натпревар против Џенова во рамките од 24-тото коло во Серија А. Причината е што во редовите на клубот се плашат од ширењето на корона-вирусот, кој деновиве повторно е активен во Интер.

Пред два дена позитивни на ковид-19 беа директорит Бепе Марота, Алесандро Антонело и Пјеро Аусилио, додека сите тестови на екипата заедно со стручниот штаб беа негативни.

Сепак, корона-вирусот се појави во женскиот тим и младинскиот погон на Интер, каде што позитивни се една фудбалерка и еден млад играч.

Без разлика на ситуацијата, дуелот против Џенова на Горан Пандев ќе се одржи според планот, а тој е закажан за утре во 15 часот.

- Оглас -

Најнови вести