Поради една асистенција, Роналдо испиша историја

Кристијано Роналдо е најдобриот стрелец на Европското првенство кое заврши вчера со победата на Италија во пенал-рулетот против Англија.

Со пет погодоци и една асистенција, португалската суперѕвезда освои уште една индивидуална награда, а со таа асистенција го победи Патрик Шик, кој забележа идентичен учинок како капитенот на сега веќе ексевропскиот првак.

Сите пет погодоци ги постигна во групната фаза, додека со својата селекција го заврши настапот по осминафиналната фаза, кои беа доволни да испише историја. Имено, Роналдо е единствениот фудбалер кој бил најдобар стрелец во Премиер лигата, Ла Лига, Серија А, Лигата на шампионите и Европското првенство.

Роналдо има освоено четири награди како најдобар стрелец во Европа, по една во Англија и Италија, три во Шпанија и од вчера на големиот континентален турнир.

- Оглас -

Најнови вести