Поради контроверзна одлука, еден од најдобрите судии во Англија исфрлен од Премиер лигата

Фудбалската федерација на Англија (ФА) донесе одлука од листата на судии да го исфрли еден од најдобрите судии, Ентони Тејлор. Овој докажан арбитер во последниве неколку години беше дел од најсилните натпреварувања, како што се Лигата на шампионите, Европското првенство и Светското првенство.

Тој беше судија на дуелот меѓу Данска и Финска на Европското првенство пред две години, кога Кристијан Ериксен доживеа инфаркт, а токму Тејлор беше еден од оние коишто беа најприсебни и помогнаа да се спаси животот на фудбалерот.

Тејлор неодамна беше судија на дуелот Вулверхемптон – Њукасл, кога досуди пенал за Чавките. Арбитерот покажа на белата точка кога Хванг Хе-Чан го фулира Фабијан Шар додека се обидуваше да ја исфрли топката. ВАР-системот ја потврди неговата одлука.

Во викендот што следи Тејлор ќе биде супервизор на судењето на дуелот од Чемпионшип меѓу Престон и Ковентри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести