Поради корона-вирусот, „настрада“ јарецот на Келн

Германскиот бундеслигаш Келн ја има една од најоригиналните маскоти во светот на фудбалот. Јарецот Хенес е препознатлив имиџ за тимот кога игра пред своите навивачи. Од 1950 година, Хенес се појави како заштитен симбол на клубот и веќе 70 години е дел од него.

Сепак, во продолжение на сезоната, поради мерките препишани за заштита од Коронавирусот, во Германија на стадионите не е дозовлено влез на маскотите. Со тоа е заврашен влез и на симболот на клубот, јарецот кој 12 години не пропуштил меч на домашен терен и традиционално се појавуваше на игралиштето пред почетокот на дуелот.

Според правилата во Бундеслигата, на стадионите и околу нив ќе бидат околу 300 луѓе, кои се доволно за да се одигра еден меч без присуство на публика.

Келн в недела на свој терен ќе го пречека Мајнц во дуел на две екипи кои се во средниот дел од табелата, но, сепак, уште не се сигурни од испаѓање.

- Оглас -

Најнови вести