Поради психички проблеми, фудбалер на Барнли ја прекина кариерата

Напаѓачот на Барнли, Лајл Фостер, реши да земе одмор на неодредено време поради психичките проблеми со коишто се соочува. Младиот 23-годишен Фостер ги пропушти последните три меча за својот тим, а сега и официјално најави дека се повлекува за да биде фокусиран на лекарски третмани.

Фостер, кој е репрезентативец на Јужна Африка, добро ја почна сезоната и постигна три гола, а имаше и две асистенции, но тоа не му помогна да се избори со психичките проблеми со коишто се соочува.

Според статистиката во Велика Британија, секој четврти жител има некакви психички проблеми, додека Асоцијацијата на професионални фудбалери во Англија утврдила дека големи 75 отсто од играчите имале некаков степен на психички проблеми.

- Оглас -

Најнови вести