Челзи синоќа го победи Саутхемптон со 4-0 прекинувајќи ја мини-серијата од два пораза по ред и три на претходните четири меча во Премиер лигата.
Менаџерот Енцо Мареска даде интересна изјава и потврди дека целта на тимот е пласман во Лигата на шампионите. Премиер лигата најверојатно ќе има пет тима во ЛШ во следната сезона, а можеби и шест.
„Му треба поддршка на тимот, мора да им се верува на играчите, тие вложуваат големи напори за да го одведат тимот во Лигата на шампионите. По мечот, на моите играчи им реков: се наоѓаме во најкризниот период од сезонава, а четврти сме на табелата и имаме само еден бод помалку од третиот“, изјави Мареска.