Поранешен бразилски фудбалер тврди дека е подобар од Меси и се стави себе си во идеалниот тим на Барселона пред Аргентинецот (Видео)

За огромен број фанови и експерти, Лионел Меси е најдобар фудбалер на сите времиња, а тој статус го зацементира со триумфот на Светското првенство што се одржа во Катар, но така не мисли поранешниот бразилски репрезентативец Ромарио.

Тој за време на гостување во ТВ-емисија изјави дека е подобар фудбалер од Лионел Меси.

Тој избираше играчи за идеалниот тим на Барселона помеѓу неговите сограчи и членовите на една од најдобрите генерации во историјата на каталонскиот тим која ја предводеа Меси, Чави и Иниеста, а притоа објасни зошто е подобар од Аргентинецот.

„Бидејќи ние сме играчи што играме на различни позиции. На неговата позиција, тој е најдобар на светот, но на мојата позиција, јас сум подобар фудбалер од него“, изјави Ромарио.

Бразилецот во неговиот идеален тим на Барселона ги избра: Андони Зубизарета, Дани Алвес, Пеп Гвардиола, Роналд Куман, Анхел Надал, Андрес Иниеста, Серхи, Христо Стоичков, Чави, Чики Бегиристајн и Ромарио.

- Оглас -

Најнови вести