Само прашање на време е кога Арсенал ќе добие нов голман, а тоа треба да биде Кепа Аризабалага. Голманот и Tопчиите веќе ги договориле сите детали, а Арсенал се очекува да ја активира откупната клаузула од пет милиони евра и да го купи од Челзи.
Шпанецот минатата сезона ја мина како позајмен во Борнмут, додека претходно во својата кариера ја чуваше мрежата и на Атлетик Билбао, Понфередина, Ваљадолид, Челзи и Реал Мадрид.