Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, кој ја водеше селекцијата на Европското првенство, е на чекор од нов тренерски ангажман по подолга пауза. Според информации од Косово, токму тој е главен фаворит да седне на клупата на екипата на Приштина.
Разговорите меѓу Ангеловски и управата на косовскиот клуб се во финална фаза, а се очекува тој да го замени досегашниот тренер Арсим Тачи, кој неодамна си поднесе оставка.
По разделбата со македонската репрезентација, Ангеловски накратко беше на чело на хрватскиот прволигаш Горица и казахстанскиот клуб Каспиј. Во јавноста тој е најмногу препознатлив по успехот со Работнички, каде освои неколку трофеи на домашната сцена.