Поранешниот ракометар на Вардар, Мартин Спирковски, е лицето кое пред една седмица се разнесе со бомба во стан во Белград. Инцидентот се случи на први октомвр,и во стан на улицата „Косовска“ во Белград, а од српското МВР денес и официјално го потврдија идентитетот на загинатиот.
Според српските медиуми, за настанот е уапсен и Ф. В. од Белград, а во станот во кој експлодирала импровизираната бомба бил пронајден и воен експлозив Ц4. Експлозијата се случила само на неколку десеттици метри од Народното собрание на Србија.