12.8 C
Skopje
вторник, 7 октомври 2025

Поранешен селектор на Полска ќе го преземе кормилото на Казахстан

Полскиот стратег Михал Пробиеж е во завршни преговори да го преземе националниот тим на Казахстан, пренесуваат полските медиуми.

Во моментов казахстанскиот национален тим времено го води Талгат Бајсуфинов, кој го наследи Али Алиев, исто така привремен селектор, по оставката на Русинот Станислав Черчесов.

Пробеж го напушти националниот тим на Полска летото 2025 година, по контроверзната одлука да му ја одземе капитенската лента на Роберт Левандовски. Напаѓачот во знак на протест објави дека повеќе нема да настапува за националниот тим.

Откако Левандовски не настапи, Полска загуби со 1-2 од Финска во квалификациите за Светското првенство 2026. Само два дена подоцна, Полската фудбалска федерација го раскина договорот со Пробеж.

Сега Пробеж се подготвува за нов предизвик со Казахстан, каде што ќе се обиде да го стабилизира тимот и да го води во претстојните квалификации. Сепак, засега не е јасно дали тоа ќе се случи по дуелот меѓу Македонија и Казахстан на 13 октомври во Скопје.

- Оглас -

Најнови вести