Жоан Гарсија изненади многумина со трансферот од Еспањол во градскиот ривал Барселона. За него имаше неколку понуди од Премиер лигата и сите очекуваа дека кариерата ќе ја продолжи на Островот, но тој ги изненади сите со одлуката да потпише за големиот ривал.
Голманот кој му беше резерва во Еспањол, Анхел Фортуно, испрати интересна порака до неговиот поранешен соиграч, а може да се забележи дека шокот во Еспањол од овој трансфер е преголем.
„Жоан Гарсија беше доволно квалитетен за да го промени клубот, но не знаевме каде ќе оди. Сам ја избра Барселона. Нему лично му посакувам сè најдобро во кариерата, но не и на неговиот нов клуб. Јас сум голем навивач на Еспањол и попрво би сакал да ме лансираат на Јупитер отколку да потпишам за Барселона“, рече Фортуно.