Кристијано Роналдо и на 40-годишна возраст успева да игра фудбал на високо ниво и да го воодушевува светот, а неговиот поранешен соиграч од Јувентус, Блаис Матуиди, ја открива и која е неговата „тајна“.
„Кристијано беше импресивен професионалец, опседнат со работата. Една вечер, се вративме во тренинг центарот во два часот после полноќ од натпревар, за да ги земеме автомобилите. Бевме исцрпени, но сепак отиде кај Бенатија и го убеди да одат во теретана и да прават некој вежби за опоравување. Мислев дека е луд. Роналдо беше таков, никогаш не застануваше. Тоа е тајната на неговиот успех и причината зошто и денес успева да направи разлика на терен.“ – вели Матуди.