Поранешен талент на ЦСКА Москва ќе ни суди со Австрија

Поранешниот фудбалски талент на ЦСКА Москва, Алексеј Игоревич Есков ќе ја дели правдата на мечот меѓу Македонија и Австрија, утре во Скопје од 20.45 часот.

Есков ни е во добри спомени и ни судеше во Хаифа, преклани кога го победивме Израел во квалификациски меч со 1:0.

Тој е поранешен фудбалер, а кариерата ја почна во ЦСКА Москва, како дел од една талентирана генерација во последната деценија од минатиот век. Потоа одбранбениот играч стана судија, дебитираше во 2009 година, а две лета подоцна стаса и на ФИФА листата.

Есков има 40 години, а со знакот на ФИФА суди веќе осум сезони.

- Оглас -

Најнови вести