Поранешна шампионка на Вимблдон го поддржа Новак: Англиските медиуми се одвратни

Поранешната француска тенисерка и експобедничка на Вимблдон, Марион Бартоли, застана во одбрана на Новак Ѓоковиќ кого англиските медиуми го нападнаа поради проблемите со допинг-контролата пред дуелот со Обединетото Кралство во четвртфиналето на Дејвис купот.

„Кога знаете дека ќе одите на допинг-тест, имате некој кој ве следи цел ден. Веднаш штом ќе излезете од теренот, тој ве следи, тој е со вас во соблекувалната и кога се туширате. Ако не можете да одите во тоалет и да дадете урина, тој ве следи на прес-конференцијата и е со вас сè додека не дадете урина. Поради ова не гледам дали има разлика да се направи допинг-контрола пред или по мечот“, вели Бартоли.

Според поранешната тенисерка, англиските медиуми немаат поим како функционира допинг-контролата.

„Судењето кое се обидовме да го изведеме против Новак се поврзува со англиските медиуми, кои немаат поим за прописите и процедурите на допинг-контролата, но си дозволуваат да ги обвинуваат тенисерите. Тоа е одвратно, срамно и неправедно“, додаде Бартоли.

- Оглас -

Најнови вести