Поранешна сопруга на капитен на Рома ќе лежи седум години во затвор

Поранешната сопруга на поранешниот италијански фудбалер Даниеле де Роси, Тамара Писноли, беше обвинета за киднапирање и мачење на италијанскиот бизнисмен, Антонело Иефи, уште во 2014 година, а сега ја дозна казната од судот, седум години затвор.

Таа не е во брак со поранешниот капитен на Рома од 2009 година, а беше уапсена заедно со уште осум лица. Тие беа приведени бидејќи наводно го киднапирале и мачеле бизнисменот со цел да изнудат пари од него.

Наводно успеале да земат 340.000 евра. Проблемите за Иефи започнале веднаш откако се запознал со Тамара, објавија обвинителите за време на судскиот процес.

Деветгодишниот судски процес заврши и румскиот суд одлучи Тамара Писноли, Франческо Камилети и Франческо Милано да ги осуди на седум години и два месеци затвор за обид за изнуда и разбојништво, додека обвинението за нанесување повреди е застарено.

„Ќе поднесеме жалба“, изјавија адвокатите на еден од обвинетите за весникот „Ил Месаџеро“.

Изненадена од високата казна е и поранешната сопруга на Даниеле де Роси.
„Изненадена сум, тоа е приказна од пред 10 години која започна со измама врз мене поради погрешни познанства кои потоа изчезнаа од мојот живот“, изјави Тамара Писноли.

На судскиот процес е утврдено дека Тамара Писноли е одговорна за нападот и претепувањето на Иефи од кого ја купила лиценцата за фотоволтаичен систем, а потоа ги барала парите назад и тоа со „камата“.

Дел од сведоците за време на судењето изјавија дека токму Тарама го наредила претепувањето на бизнисменот кој останал и без скапоцениот часовник „Ролекс“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести