Камила Мајан, која е поранешна девојка на аргентинскиот репрезентативец Алексис Мекалистер, реши да покрене тужба против ѕвездата на Ливерпул. Таа бара дури 5,6 милиони евра.
Камила и Алексис ја прекинаа врската пред крајот на 2022 година, само неколку дена откако Аргентина ја освои титулата на Светското првенство во Катар.
Мекалистер направи трансфер од Брајтон во Ливерпул во летото 2023 година, а веднаш потоа се промовираше во еден од подобрите играчи на Црвените. Во сезоната која неодамна заврши, Мекалистер со Ливерпул ја освои првата титула во Премиер лигата во својата кариера. Во меѓувреме, тој започна нова врска со Ајлен Кова, со која очекува дете, што официјално го објави во март оваа година.
Камила Мајан тврди дека Мекалистер ја изневерил и ја оставил за да може да започне врска со Ајлен и дека таа била принудена да ја напушти Англија по раскинувањето. Во тужбата таа наведува дека бара околу 235.000 евра за секој месец што го поминале заедно во странство, вкупно околу 5,6 милиони евра за две години заеднички живот.