Некогашниот фудбалер од академијата на Челзи, Ламиша Мусонда откри дека е тешко болем и дека му остануваат само уште неколку денови од животот. Мусонда кој има само 33 години е Белгиец кој во Челзи пристигна во 2012 година, заедно со неговите браќа Тико и Чарли.
Во лондонскиот тим помина две години, а потоа се врати во татковината и играше за тимот на Мехелен. Потоа играше и во шпанските нисколигаши Легостер и Паламос, а потоа заигра и за конгоанскиот гигант Мазембе. Кариерата ја заврши во 2020 година. Имаше и девет настапи за У21 селекцијата на Белгија.
Сега, во емотивна објава на социјалните мрежи, Мусонда објави: „Кога сфаќам дека ми остануваат само уште неколку дена од животот, сфаќам и дека сум имал многу луѓе покрај мене и секогаш ги ценам сите тие спомени. Животот е тежок, но погледот е прекрасен. Животот е полн со успони и падови и никој нема да може да разбере низ каква болка поминувате. Последните две години ми беа посебно тешки и со предизвик. Со голема тага објавувам дека се борам да го вратам моето здравје. Јас и моето семејство се бориме и нема да се откажам до последниот здив. Имав среќа да имам убав живот во раните години, а имам уште толку многу да понудам“, беше пораката која ја упати Мусонда.
Неговата порака предизвика реакции кај многумина кои му упатија зборови за поддршка и да не се предава.

