Поранешниот селектор на Белгија жестоко го нападна Куртоа

Еден од најдобрите голмани на денешницата, Тибо Куртоа, се врати во репрезентацијата на Белгија откако пред 22 месецa одби да игра за Црвените ѓаволи. Неговата одлука тогаш беше диктирана од конфликтот со поранешниот селектор Доменико Тедеско, а причина беше капитенската лента која му припадна на Ромелу Лукаку. Враќањето на Куртоа доведе до заминување на голманот Кјоен Кастелс, кој беше стартер во негово отсуство во последните две години.

Сега Марк Вилмотс, кој ја водеше Белгија во периодот од 2012-2016 година, не го криеше незадоволството од враќањето на Куртоа и го опсипуваше со критики.

„Не би го повикал, би ги пропуштил и тие два натпревара. Прво ќе видам и слушнам од тимот, ќе дознаам што мислат играчите за проблемот. Би разговарал и со Кастилс, би им покажал почит на оние што се тука во последните две години и дури тогаш можеби би го вратил Куртоа. Тој ја затвори вратата на националниот тим една недела пред неговата венчавка“, категоричен е Виломтс.

Новиот селектор на Белгија, Руди Гарсија рече дека ќе разговара со Куртоа за тоа што се случило речиси пред две години.

„Тибо е еден од најдобрите голмани во светот, ако не и најдобар. И прекрасно е што го имаме во тимот. Сите ќе зборуваме за тоа што се случи, но тоа ќе се случи еднаш. Веќе отворивме ново поглавје и сакаме да одиме напред”, вели Гарсија.

На 20 март Белгија ќе игра против Украина во полуфиналето од Лигата на нациите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести