15.8 C
Skopje
вторник, 30 септември 2025

Порано играше како напаѓач, а вечерва е третиот голман на Реал Мадрид во ЛШ

Икер Касиљас е последниот производ од „фабриката“ кој бранел редовно во првиот тим на Реал Мадрид, а меѓу многумината што биле втори или трети е Хави Наваро, кој има 18 години и отпатува со првиот тим во Казахстан на дуел со Каират. 

Наваро, кој моментно брани за тимот на Реал до 19 години, а имаше настапи и за Ц тимот на Реал Мадрид, е трета опција зад Тибо Куртоа и Андриј Лунин, но голема работа за него е што првпат се најде во составот. Трет голман на Реал обично е Фран Гонзалес, но тој е на младинското СП за играчи до 20 години и направи простор за Наваро.  

Интересно е дека кога почнал да тренира фудбал, Наваро бил напаѓач, а во Реал Мадрид дошол како 12-годишен и на нова позиција.  

Фото: REALMADRID.COM

- Оглас -

Најнови вести