Селекторот на Мароко најавува чудо: Наречете ме луд, но јас верувам дека ќе бидеме светски прваци

Селекторот на Мароко, Валид Реграги, во последен момент пред Мундијалот стана селектор на репрезентацијата на местото на Вахид Халилхоџиќ и ги живее најубавите фудбалски моменти во кариерата.

Мароко направи историски успех во Катар со пласман во полуфиналето како прва африканска селекција што стигнала до оваа фаза, но планот е да се оди докрај и да се освои Златната божица.

„Можете да ме наречете луд, но јас верувам дека можеме да биде светски прваци. Играме против актуелниот шампион Франција во полуфиналето, па потешко веројатно и не може, но ние покажавме дека одлично се снаоѓаме и во такви ситуации.

Франција има фантастични играчи, не се тоа само Мбапе, Гризман, Дембеле…, а имаат и најдобар селектор на светот – Дидие Дешамп. И покрај сè, ние сме сплотени и обединети како никогаш, ја имаме огромната поддршка од нашиот народ, од Африка, па и од целиот свет и верувам дека можеме да направиме подвиг и светски успех“, изјави Реграги.

Тој верува дека Ашраф Хакими може да го сопре Килијан Мбапе во дуел на двајца играчи на Пари Сен Жермен, што е означен како клучен за исходот на утрешниот меч од 20 часот.

Во првото полуфинале денеска од 20 часот Аргентина и Хрватска ќе одлучуваат за првиот финалист во Катар.

- Оглас -

Најнови вести