Пораз за Милан, триумф за Баерн во ЛШ (Видео)

Италијанскиот гигант Милан загуби со 1-0 од Феенорд во Холандија во првиот меч од плејоф рундата во Лигата на шампионите. Росонерите не одиграа најдобро, а грешката на голманот Мајк Мењан ја искористи Игор Паишао уште во третата минута од натпреварот.

Баерн Минхен успеа да победи на гости кај Селтик во Глазгов со 1-2. Мајкл Олисе во 45-та минута обезбеди водство, а Хари Кејн го удвои во 49-та минута.

Селтик постигна погодок преку Даизен Маеда во 79-та минута, но немаше сили за израмнување.

Бенфика го победи Монако на гости со 0-1, со голот на Вангелис Павлидис во 48-та минута од мечот.

- Оглас -

Најнови вести