Поразот на Аргентина им даде крила, обложувач го предвиде поразот на Германија и одигра „кец во два“

Шокантниот пораз на четирикратниот светски шампион Германија од Јапонија со 1:2 е второто големо изненадување на Светското првенство во Катар, а обложувачите во Македонија уште еднаш покажаа дека знаат да „намисираат“ изненадување и добро да заработат на него.

Вчера на социјалните мрежи се појавија добитни тикети уплатени во Sport Life на кои обложувачите одиграле на победа на Јапонија. Двата тикети се уплатени во живо, едниот во моментите кога Германија имаше водство од 1:0, а вториот беше уплатен во финишот од мечот, кога резултатот беше 1:1.

Како голем мајстор се покажа скопјанец, кој осоколен по поразот на Аргентина од Саудиска Арабија со пресврт, одиграл сингл дека Германија ќе загуби од Јапонија исто така со пресврт.

Мајсторот уплатил 300 денари на играта „кец во два“, а коефициентот за оваа игра изнесуше 51 и си доби чисти 13.050 денари. Германија по првото полувреме имаше предност од 1:0 благодарение на голот на Гундоган од пенал во 33-тата минута, но Јапонците со два гола, преку Доан во 75-тата и Асано во 83-тата минута, направија пресврт и на крајот славеа со 1:2.

- Оглас -

Најнови вести