Обложувачите ја „научија“ лекцијата од вчера со Аргентина, па денес веруваа во аутсајдерот Јапонија

Две големи резултатски изненадувања ги одбележаа првите четири дена од Светското првенство во Катар. Вчера Саудиска Арабија успеа да ја победи Аргентина со 2:1, иако Гаучосите беа тие кои водеа со 1:0 на полувреме. Во вториот дел, Саудиска Арабија направи чуден пресврт и на крајот победи со 2:1.

Многумина обложувачи беа разочарани, дел од нив коментираа дека мечот е „наместен“ затоа што излезе „еден во два“, и тоа неверојатната варијанта Аргентина да загуби. Сепак, дека имало и такви кои одиграле и на победа на Саудиска Арабија, се тикетите уплатени во Sport Life.

Како копија на вчерашното чудо и победата на Саудиска Арабија, денеска тоа го направи и Јапонија во дуелот со Германија. Четирикратниот светски првак водеше со 1:0 на полувреме, но Јапонија во вториот дел не само што успеа да даде гол, туку направи и целосен пресврт и на крајот победи со 2:1. 

На социјалните мрежи се појавија два тикети кои покажуваат дека има обложувачи кои успеале да го предвидат ваквиот расплет на дуелот Германија – Јапонија. Двата тикети се уплатени во живо, а првиот е во Скопје, и тоа на полувреме, кога за скромни 50 вложени денари на победа на Јапонија, обложувачот си доби 1.310 денари. Добивката не е многу голема, но секако дека сатисфакцијата е огромна и погодена квота од 25 за едно полувреме.

Вториот тикет е уплатен во 76-тата минута, при резултат 1:1, и е одиграно на „двојка“, односно победа на Јапонија со влог од 1.000 денари. На крајот добивката е 9.190 денари.

Овие тикети кои се одиграни „во живо“ и се уплатени со СЛ картичка, влегуваат и во трка за акциската понуда Live Експерт во Sport Life, каде што може да добиете 25.000 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести