34.8 C
Skopje
сабота, 2 август 2025

Поразот на Шкупи од Анталијаспор во меч со 7 гола е сомнителен, ФФМ покренува постапка!

Некогашниот македонски шампион Шкупи загуби од Анталијаспор со убедливи 1-6 во пријателски меч во Турција, занемарувајќи ги обвинувања кон раководството на клубот дека мести натпревари.

Откако мечот помеѓу Шкупи и Арсими на 30-ти јули не се одигра зашто имало сомнеж дека клубот од Чаир ќе игра со деца и ќе загуби убедливо, Шкупи одигра 7+ против турскиот прволигаш.

Наводно биле уплатени големи суми за пораз на Шкупи поголем од пет гола разлика. Чаирскиот тим во Турција заминал со само 14 играчи.

Навивачката група „Шверцери“ обвини функционери на клубот дека го користат само за личен профит и нелегални активности.

Има информации дека и Фудбалската федерација на Македонија веќе започнала постапка против клубот и наскоро се очекува во случајот да се приклучат и државните институции.

 

- Оглас -

Најнови вести