Поразот од Реал го вклучи алармот: Барса оди „ал ин“ по потписот на Лаутаро

Во две дербија на Ел класико во една сезона, Барселона за првпат речиси по половина век не успеа да постигне гол. Вчера загубија со 2-0 на „Сантијаго Бернабеу“, дојде крајот на нивната серија по 14 гостувања да не се радуваат на погодок во домот на Кралевите. По тој пораз се вклучи алармот во просториите на Каталонците, потребен е напаѓач од светска класа ако се знае дека Суарес е на долга пауза поради повреда.

Управата ќе се обиде да го реши проблемот со тоа што тргна офанзивно по потписот на Лаутаро Мартинес. За младиот голгетер на Интер наводно стигна понуда од 70 милиони евра во пакет со двајца фудбалери. Играчите кои би учествувале во оваа размена се Артуро Видал и Нелсон Семедо. Чилеанецот се проценува на 20 милиони евра, додека цената на португалскиот бек е 40 милиони евра.

Вкупно пресметано, ангажманот на Лаутаро би ја чинела Барселона 130 милиони евра, додека на „Камп ноу“ го чека повеќегодишен договор со заработка од 7 милиони евра плус бонуси. Инаку, Мартинес има клаузула во договорот според која може да замине од „Џузепе Меаца“ за 111 милиони евра, а таа може да се активира во првите две недели од летниот преоден рок, но Барселона не планира да троши толкава сума, па затоа понуден е овој пакет. Меѓутоа, за неговиот потпис во конкуренција се и Реал Мадрид и ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести