Поразот во финалето на Купот му пресуди: Дарко Радуловиќ веќе не е тренер на МЗТ Скопје!

Дарко Радуловиќ повеќе не е тренер на МЗТ Скопје Аеродром откако денеска му беше прекината соработката со клубот.

Главна причина за ваквата одлука на управата на клубот е неосвојувањето на трофејот во Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“, каде што Штрковите беа поразени во финалето од ТФТ со 66-80.

Радуловиќ во стручниот штаб на МЗТ дојде пред почетокот на минатата сезона како помошник на Ѓорѓи Кочов, а по заминувањето на Кочов, популарниот Радуле седна на клупата како главен стратег.

„На Радуловиќ му заблагодаруваме за сѐ што стори за нашиот клуб и му посакуваме сѐ најдобро во понатамошната кариера. Предводниците на МЗТ Скопје Аеродром веќе работат на ангажирање на неговиот наследник, за што ќе имаат и доволно време, со оглед на паузата од две недели во домашното првенство поради настапот на репрезентацијата на Македонија. Името на нашиот нов тренер ќе го објавиме веднаш штом биде потпишан договорот“, објавија од осумкратниот македонски првак.

- Оглас -

Најнови вести