Портланд чека, Денвер и Сан Антонио ќе ги одмерат силите за последен пат

Никола Јокиќ – (Денвер нагетс – Сан Антонио спарс, 04 часот – Седми натпревар, прва рунда Запад)

Во мечот на сезоната за Денвер, првата ѕвезда Никола Јокиќ мора да се истакне и да го одведе својот тим во следната фаза од разигрувањата. Иако Сан Антонио како осмопласиран заигра во плејофот, Спарси предводени од искусниот Грег Попович му покажаа заби на вториот најефикасен состав од Западот, па затоа оваа серија ќе мора да се реши со „мајсторка“.

Српскиот центар реализираше високи 43 поени, 12 скока и 9 асистенции во претходниот меч кој го доби Спарс со 120:103 за израмнување, а сега се очекува пред своја публика повторно да блесне.

Победникот од оваа серија ќе се сретне со Портланд трејлблејзерс во конференциското полуфинале од Западната конференција.

Предлог тип: Н. Јокиќ >42.5 тотал поени+асистенции+скокови (1.87)

 

Торонто репторс – Филаделфија севентисиксерс (01:30 часот – Прв натпревар, полуфинале Исток)

Торонто и Филаделфија не потрошија многу сили во првата рунда, и двете екипи обезбедија пласман во конференциското полуфинале по пет меча, односно конечни 4-1, во дуелите против Орландо меџик, односно Бруклин нетс. Фаворитската улога во првата пресметка е за Репторс, бидејќи отвораат на домашен терен. Пред своја публика Торонто ретко губи, во регуларниот дел од сезоната претрпеа 9 порази од вкупно 41 меч.

На канадската фрашиза им оди во полза и тоа што Филаделфија нема остварено триумф во „Скојтабанк арена“ од ноември 2012 година. Сепак, треба да се земе во предвид дека залагањата на кошаркарите се на повисоко ниво во разигрувањата, така што Сиксерси можат да ја прекинаат негативната традиција.

Предлог тип: 1 хен. -6.5 (1.90)

 

Бостон бруинс – Колумбус блу џекетс (02 часот – Втор натпревар, полуфинале Исток, Бостон води 1-0)

Бостон се извлече во првиот меч против Колумбус и победи со голот на Којл за конечни 3-2 во продолжението, а сега имаат добра шанса повторно да го искористат домашниот терен и да направат двојно водство во серијата. Но, каква игра покажаа Блу џекетс против Тампа беј во првата рунда, јасно е дека нема лесно да се откажат на половина пат до Стенли купот.

Победи на гости не се непознати за Колумбус, можно е ноќеска да се случи изненадување, за ова надигрување за пласман во конференциското финале да трае што подолго.

Предлог тип: >5.50 (2)

 

Фламенго – Крузеиро (02 часот – Прва лига на Бразил, прво коло)

Вицешампионот Фламенго на домашен терен ја стартува новата сезона во Првата лига на Бразил, а им гостува четирикраниот национален првак Крузеиро.

Тимот од Рио посакува да тргне со победа, а шансите се големи да се случи тоа бидејќи негуваат позитивен биланс против претстојниот противник. Фламенго има четири победи од последните пет меѓусебни средби, додека еднаш се радувале фудбалерите на Крузеиро.

Предлог тип: 1X & 2-5 (1.90)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести