Голманот на ракометната репрезентација на Македонија, Никола Митревски, и неговиот Порто, немаа сили за изненадување против големиот фаворит Барселона и загубија во меч од Лигата на шампионите на домашен терен со 30-38.
Каталонците во текот на целиот натпревар го диктираа темпото и сосема заслужено дојдоа до победата.
На останатите два натпревара, изненадувачки победи забележаа екипите на Загреб и ГОГ. Шампионот на Хрватска на домашен терен со 31-20 го совлада норвешкиот Колштад, кој неодамна си замина од Битола со победа од девет гола разлика.
Данскиот ГОГ Гудме на домашен терен го победи шампионот на Унгарија, Веспрем, со 36-30.