Порто сака Куп титула, Копенхаген брка шампионски пехар, а Рома да игра во Лигата на Европа и следната сезона

3002 Рома – Специја (21 ч.)

Исцрпувачки беше периодов за Рома, но тимот на Жозе Мурињо мора да најде сила и да победи во последното коло за да биде Волчицата сигурна дека ќе игра во Лигата на Европа следната сезона.

Само една победа има Рома во последните 10 средби што ги одигра, а седум од овие дуели беа со 0-2 погодоци. Специја може да испадне, па ова може да биде многу возбудлив дуел.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.94)

 

1302 Осасуна – Жирона (18:30 ч.)

Директен дуел на два клуба кои се борат за седмото место на табелата кои води во Конференциската лига на УЕФА. Осасуна има четири победи во последните пет меча на свој терен. Кога ќе се видат 10-те последни меѓусебни средби, на осум имало не повеќе од два гола.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.80)

 

3003 Аталанта – Монца (21 ч.)

На Аталанта и требаат бодови во последното коло за да игра во Лигата на Европа следната сезона. Монца е тимот кој сезонава прв пат играше во Серија А и остави одличен впечаток и без многу притисок ќе се обиде во Бергамо уште еднаш да покаже дека тоа е тим кој во следната сезона ќе игра уште подобро.

Предлог тип: ГГ3+ (1.86)

 

2805 Копенхаген – Рандерс (17 ч.)

Копенхаген е во борба за титулата и сигурно на свој терен нема да дозволи да не ги освои трите бода против Рандерс. Гостите се во очајна форма и имаат пет порази по ред и реално се без никакви шанси за напредок на табелата.

Овие две екипи немаат одиграно нерешено на последните 18 меѓусебни дуели што значи дека се игра без многу калкулации. Денеска е редот Копенхален да победи.

Предлог тип: 1-1&2+ (1.87)

 

1557 Брага – Порто (18:15 ч.)

Порто ја загуби трката за титулата во првенството, но има шанса да се радува на трофејот во Купот. Брага е ривал кој не му „лежи“ на Порто, па во последните 11 меѓусебни дуели, Порто има само три победи, а Брага се радувала пет пати.

Сепак, ова е дуел за трофеј, што значи дека Порто ќе биде максимално фокусиран и е со поголеми шанси за победа.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.70)

 

- Оглас -

Најнови вести