Репрезентацијата на Португалија ќе игра на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, откако попладнево на свој терен убедливо со 9:1 ја победи Ерменија во меч од последното коло во групната фаза од квалификациите. На Португалија доволни ѝ беше да победи над Ерменија, а фаворитот тоа го направи во голем стил со убедлива победа.
Веига во седмата минута го отвори резултатот за радост на домашните фанови, а интересно е дека Ерменија израмни на 1:1, со погодок во 18 минута.
Former #FCBayern youngster Grant-Leon Ranos with a great assist for Armenia against Portugal 🇦🇲pic.twitter.com/3Wqudwj0ep
— Victor Catalina (@vcatalina96) November 16, 2025
Овој погодок на гостите како да ги налути домашните фудбалери, па потоа следуваше гол-шоу. До крајот на првото полувреме Португалија стигна до 5:1 и тоа со двата гола на Жоао Невеш и по еден погодок на Рамос и Бруно Фернандеш од пенал.
Bruno Fernandes score 5th goal from the spot !pic.twitter.com/8T4ynTEUdT
— Goals Xtra (@GoalsXtra) November 16, 2025
Во второто полувреме Бруно Фернандеш продолжи да погодува. Во 52 минута зголеми на 6:1, а потоа со нов погодок од пенал во 72 минута, ѕвездата на Манчестер јунајтед го комплетираше хет-трикот.
Потоа следуваше уште едно комплетираше на хет-трик и тоа на Жоао Невеш, откако по трет пат ја затресе мрежата на гостите со погодокот во 81 минута. Консеисао стави точка на голеадата со погодокот во 90+3 минута за конечни 9:1.

