Португалија падна во Женева без Роналдо со гол во првата минута, Словенија со пресврт освои бод против Србија

Португалија доживеа непријатен пораз од Швајцарија со 1:0 во Женева во меч од Лигата на Нации, а ситуацијата ја искористи Шпанија и со победа од 2:0 против Чешка го презеде врвот на табелата во втората група од А сегментот.

Харис Сеферовиќ постигна гол во првата минута и потоа немаше погодоци за победа на Швајцарија од 1:0.

Португалците играа без Кристијано Роналдо, Мутињо и Гереиро, а ова беше прв пораз за нив во овој циклус од Лигата на Нации и прва победа за Швајцарците.

Шпанија со головите на Солер и на Сарабија лесно ја победи Чешка и сега е прва со 8 бода, пред Португалија со 7, Чешка со четири и Швајцарија со три на две кола до крајот.

Во меч од Б сегментот Словенија приреди подвиг против Србија и освои бод со реми 2:2 во Љубљана, иако гостите водеа со 2:0 по првиот дел.

Живковиќ и Митровиќ со голови во осматта и 35. минута најавија победа на Србија во дербито на екс-југословенските републики, но Словенците не се предаваа.

Гнезда-Черин и Сеско со голови за пет минути на стартот на второто полувреме израмнија на 2:2 што е и конечен резултат на дербито од четвртата група во Б сегментот на Лигата на Нации.

Во меч со многу тензии на трибините, Грција во меч од Ц сегментот го побрди Косово со 2:0 и го освои првото место и промоција во Б сегментот на две кола до крајот на овој циклус во Лигата на Нации.

 

- Оглас -

Најнови вести