Тензии во Волос, се закачија грчки и навивачи на Косово (Видео)

Грција и Косово го играат мечот од четвртото коло во Лигата на Нации, а имаше тензии во Волос и се закачија навивачите на двете балкански репрезентации.

Дел од грчките симпатизери успеаја да ја минат празната трибина што беше оставена како блок меѓу двете навивачки групи, но брзо реагираше полицијата и не дозволи поголем инцидент.

Целата ситуација можете да ја погледнете ОВДЕ.

Грција го победи Косово во Приштина со 1:0 и сега води со ист резултат по 75 минути игра и ако успее пак да слави сигурно ќе го освои првото место во втората група од Ц сегментот и ќе обезбеди пласман еден ранг погоре во Лигата на Нации.

- Оглас -

Најнови вести