5.8 C
Skopje
среда, 4 февруари 2026

Португалскиот репрезентативец има 150 голa во кариерата, ниеден со глава

Брага го победи Авеш со 4-0, а победата беше одбележана од едно чудно достигнување. Напаѓачот Рикардо Хорта го постигна својот 150-ти гол за Брага, а ниту еден од нив не е со удар со глава.

Португалскиот интернационалец е составен дел од клубот веќе 10 години, а сега е најдобар стрелец на тимот на сите времиња. Статистиката покажува дека откако е во Брага, секогаш дава барем 10 гола по сезона, а неговиот рекорд е во сезоната 2019/20, кога постигна 24.

Тој има и најмногу настапи во историјата на клубот – 462. Од трофеите, еднаш го освои Купот на Португалија и двапати Лига купот на земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести