Португалскиот селектор: Тим кој оди на гости кај европскиот првак и победува мора да се почитува

Португалскиот селектор Фернандо Сантош постојано ги потсетува своите фудбалери дека Македонија е селекција која го победи европскиот првак Италија и дека мора да се респектира таков ривал, посебно кога се работи за меч во кој влогот е пласман на Светско првенство.

Португалија в вторник е домаќин на Македонија, а подобриот тим ќе биде на Мундијалот во Катар. Сантош не сака на Португалија да ѝ се случи тоа што го почувствува Италија во палермо.

„Против Македонија треба да покажеме почит кон противникот каков што би имале да беше Италија наш ривал. Овие мечеви не се шега. Финале е и се може да се случи. Мора да бидеме фокусирани како што бара еден ваков натпревар. Екипа која оди на теренот на европскиот првак и го победува, заслужува респект“, вели Сантош.

Дуелот во Порто ќе го суди англискиот арбитар Ентони Тејлор кој еднаш веќе беше многу таличен за Македонија. 

- Оглас -

Најнови вести