Селекторот на Португалија, Роберто Мартинез го објави списокот на играчи кои се повикани за дуелите против Ирска и Унгарија, во рамките од квалификациите за пласман на Светско првенство 2026 година.
Португалија е голем фаворит за првото место во групата, но тоа треба да го докаже на теренот. На 11 октомври Португалија прво на свој терен ја пречекува Ирска, а три дена подоцна повторно пред своите навивачи ќе игра против Унгарија.
Тоа што сите ги изненади е дека селекторот Мартинез на листата на играчи го додаде и името на Диого Жота, кој за жал пред два месеци загина во сообраќајна несреќа. Жота заедно со својот брат Андре Силва патуваа со автомобил кога излетаа од патот, колата се запали и двајцата загинаа.
Со овој потег да биде вметнато името на Жота во составот, селекторот на Португалија само потврди дека никогаш нема да биде заборавен фудбалерот кој на клупски план играше за Ливерпул.