Посебна ноќ за Бензема, Анчелоти и Перес

Реал Мадрид го освои трофејот во Суперкупот на УЕФА, мечот во Хелсинки е од посебно значење за тројцата лидери на Кралскиот клуб, Карим Бензема, тренерот Карло Анчелоти и претседателот Флорентино Перес.

Бензема со својот гол во 65-тата минута, по кој Кралевите зголемија на 2-0, стана втор најдобар стрелец во клупската историја со 324 погодоци, оставајќи го зад себе Раул Гонзалес Бланко на вечната листа, а пред него е само Кристијано Роналдо со 450 гола.

За Анчелоти, пак, ова е четврти Суперкуп-трофеј и стана рекордер во освоени одличја во ова натпреварување. Перес како прв човек на клубот го слави јубилејниот 30-ти трофеј и е на три пехари зад најуспешниот претседател во клупската историја, Сантијаго Бернабеу.

- Оглас -

Најнови вести