32.8 C
Skopje
среда, 10 септември 2025

По 20 години репрезентативна кариера, Меси успеа да биде прв стрелец во квалификациите за СП

Аргентина покажа зошто е актуелен светски првак откако заврши на првото место во квалификациите за пласман на Светското првенство кое ќе се игра следната година. По 18 одиграни кола, Аргентина заврши со 38 бода, дури девет повеќе од второпласираниот Еквадор. Потоа следуваат дури четири селекции со по 28 бода, и тоа: Колумбија, Уругвај, Бразил и Парагвај и сите тие ќе бидат дел од Мундијалот.

По завршувањето на квалификациите јасно е дека Лионел Меси со осум гола е најдобар стрелец во квалификациите во Јужна Америка. Интересно е дека во 20-годишната репрезентативна кариера, Меси за првпат е голгетер број 1 во квалификациите за Мундијал.

Зад Меси на оваа листа се Луис Дијас (Колумбија) и Мигуел Терцерос (Боливија) со по 7 гола, а по шест погодоци постигнаа Саломон Рондон од Венецуела и Енер Валенсија од Еквадор.

- Оглас -

Најнови вести