После долгиот прекин Челзи прими гол, па „згрме“ со три гола во продолженијата (Видео)

Челзи ќе игра против Палмеирас во четвртфиналето на Светското клупско првенство во САД, откако со 4-1 и тоа по продолженија, ја елиминираше Бенфика.

Сините водеа со 1-0 до 86-та минута, а тогаш мечот беше прекинат поради невреме проследено со грмотевици. Паузата траеше речиси два часа, а по прекинот во 95-та минита беше досуден пенал за лисабонските Орли и реализатор беше Анхел Ди Марија.

Аргентинецот на СКП изведе дури четири пенали и сите ги реализираше, но после мечот беше во солзи, бидејќи се покажа оти последен пат играше за Бенфика.

Продолженијата лошо почнаа за Бенфика, бидејќи после само две минути, исклучен беше Престијани. Со играч помалку, португалскиот тим беше немоќен и само прашање беше кога ќе потклекне. Издржаа до 108-та минута, а тогаш за девет минути примија три гола.

Педро Нето стана прв играч на првенството кој дал гол на три различни натпревари.

Ова е клучниот гол на Нкунку за 2-1:

- Оглас -

Најнови вести