Усман Гаруба кој е роден во 2002 година, со синоќешната игра против Анадолу Ефес, уште повеќе стана интересен за НБА тимовите и само три години откако Лука Дончиќ од Реал Мадрид замина во најсилната лига на светот каде е суперѕвезда, сега и Гаруба ќе тргне по неговите стапки.
Шпанецот со нигериско потекло го искористи отсуството и повредите на некои од високите играчи на Реал, па со само 19 години, тој против турскиот тим имаше феноменален учинок од 24 поени и 12 скока. Со тоа, Гаруба му помогна на ослабениот Реал да направи изненадување и да се избори за мајсторка во четвртфиналето.
Гаруба има предиспозиции да стане елитен дефанзивец во НБА, сметаат скаутите, и веќе го најавуваат како наследник на Леброн Џејмс, Дрејмонд Грин и Каваи Ленард.
Погледнете го најдобрите потези на Гаруба на синоќешната средба:
https://twitter.com/i/status/1387883705432256524