Армани Милано ја освои шампионската титула во италијанското кошаркарско првенство.
Вечерва во „Медиоланум форум“ во Милано, Манекените убедливо го поразија Виртус Болоња со 81-64, и со вкупни 4-2 во победи, го добија големото финале на плејофот.
Ова е дури 29-та титула за клубот од Милано чие оригинално име е Олимпија, а често го менуваше името поради спонзорите. Армани од 2018 немаше титула во Италија, иако редовно е евролигаш.